Настрадаа 90 милиони евра капитални инвестиции

Bez autora
Apr 25 2012

Капиталните инвестиции настрадаа за 90 милиони евра со новиот ребаланс на буџетот, кој вчера конечно стана достапен за очите на јавноста. Поконкретно, од дури 440 милиони евра капитални инвестиции колку што Владата планираше да потроши оваа година за изградба на патишта, пруги, мостови, за гасификација и за енергетски објекти и слични инфраструктурни намени, со кратењето на државната каса тие се сведени на 351 милиони евра. Односно, за капитални инвестиции ќе се потрошат 89 милиони евра помалку. Намалувањето на сумата за капитални инвестиции беше една од главните критики што вчера ја изнесе опозицискиот СДСМ. Владата ги крати капиталните расходи за цели 89 милиони евра, со што овој буџет целосно ја губи развојната компонента, со која Владата толку многу се фалеше. Се поставува прашање дали буџетот може да придонесе да се постигне планираниот раст на БДП од 2,5 отсто.

Настрадаа 90 милиони евра капитални инвестицииКапиталните инвестиции настрадаа за 90 милиони евра со новиот ребаланс на буџетот, кој вчера конечно стана достапен за очите на јавноста.

Поконкретно, од дури 440 милиони евра капитални инвестиции колку што Владата планираше да потроши оваа година за изградба на патишта, пруги, мостови, за гасификација и за енергетски објекти и слични инфраструктурни намени, со кратењето на државната каса тие се сведени на 351 милиони евра. Односно, за капитални инвестиции ќе се потрошат 89 милиони евра помалку.

Намалувањето на сумата за капитални инвестиции беше една од главните критики што вчера ја изнесе опозицискиот СДСМ.

„Владата ги крати капиталните расходи за цели 89 милиони евра, со што овој буџет целосно ја губи развојната компонента, со која Владата толку многу се фалеше. Се поставува прашање дали буџетот може да придонесе да се постигне планираниот раст на БДП од 2,5 отсто“, изјави на вчерашниот прес Марјанчо Николов од СДСМ, претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Од Министерството за финансии експресно возвратија дека капиталните инвестиции со ребалансот на буџетот за 2012 година изнесувале за 20,1 отсто повеќе во однос на претходната година, односно „за неверојатни 211 отсто повеќе во однос на 2005 година кога биле реализирани едвај 10 милијарди денари капитални инвестиции“, стои во реакцијата на овој ресор.

Големо намалување, за околу 76 отсто, има и во делот на средствата за интеграции за НАТО, во рамки на Министерството за одбрана, чии буџет е исто така значајно намален. Кај гасификацијата намалувањето е за дури 52 отсто, а кај патната инфраструктура кратењето е за 36 проценти.

Кај платите во администрацијата има зголемување за 14 проценти.

Инаку, ребалансот на буџетот Владата го изгласа на седница која се одржа во вторникот минатата недела, на маратонска расправа, на која се донесе одлука и за ново задолжување со странски кредит од 250 милиони евра. Но, иако секој ден се чекаше ребалансот да биде ставен на веб-страницата на Собранието во делот на примени материјали, тој се појави дури вчера попладне и тоа во отсекот на материјали во второ читање, што беше изненадувачки.

Она што е исто така интересно од ребалансот на буџетот, е што во огромна мера се зголемени парите кои Владата планира да ги обезбеди преку домашно задолжување, односно од 3 милиони евра колку што беа предвидени со буџетот, на дури 61 милион евра што се планираат со ребалансот. Ова значи дека покрај големото задолжување во странство, ќе се оди на многу поголемо задолжување и кај домашните банки.

Инаку, од СДСМ вчера изјавија дека партијата изразува загриженост затоа што власта продолжува со несериозниот однос кон реалната состојба на економијата и се' поголемата сиромаштија. Според нив, вака скроен ребалансот нема да одговори на предизвиците на намалување на економската активност, а кратењата се според нив, базирани на нереални претпоставки.

„На пример, Владата предвидува намалување на приходите од придонеси од цели 19 милиони евра, а во образложението планира раст на вработеноста од 1 отсто или 3.500 нови вработувања“, велат од СДСМ.

Од таму сакаат да ја прашаат Владата како со ребалансот планира надворешното задолжување да изнесува само 226 милиони евра, а само изминативе седум дена министерот за финансии најави две нови задолжувања од 350 милиони евра, односно 250 милиони евра во Дојче банк и 100 милиони долари од Светска банка.

„Дали Владата ќе гарантира редовна исплата на пензиите до крајот на годината, со оглед на тоа што за исплата на пензии од буџетот само во првите 3 месеци биле префрлени 150 милиони евра на Фондот за ПИОМ, што претставува 85 отсто од потребните парични средства за исплата на пензиите. Да алармираме дека освен здравството, образованието е последен сектор во кој треба да се кратат пари“, велат опозиционерите, додавајќи дека во образованието се скратени 11 милиони евра.

„Децата ќе се соочат со недостиг од основните средства за образование“, изјави Николов. СДСМ потсетува дека во непродуктивните трошоци за врбите, аква-парковите и катните гаражи се кријат парите кои власта му ги одзема на основниот сектор - образованието.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik